Добредојдовте на нашата веб страна !


ПРАВИЛНИК ЗА ПРИМЕНА НА ДАНОЧНО ОЛЕСНУВАЊЕ
известување од 08.04.2014

   Ве известуваме дека од 13.02.2014 е воведен правилник за примена на даночно олеснување , согласно меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување , за приходот што го остварува странско физичко лице на територијата на Р. Македонија .

   Доколку странско физичко лице ,остварува примања во Македнонија по следните основи :
 - примања ( плата , надоместоци од работен однос , спортисти и слично )
 - приход од дивиденда
 - приход од камата
 - приход од авторски договор
 - И други приходи

   Правното лице , корисник на услугите и воедно исплатувач , може да ги примени одредбите за одбегнување на двојно оданочување.
   Странското физичко лице ,треба да докаже дека е резидент-државјанин на друга држава , со која Р.Македонија има склучено договор за избегнување на двојно оданочување . Лицето треба да обезбеди потврда за резидентност од соодветната институција од земјата од каде што доа’ѓа.

   Доколоку не бидат обезбедени соодветните документи , во тој случај приходите на нерезидентот , подлежи на оданочување со персонален данок на доход без да се искористат поволностите од меѓудржавните договори за избегнување на двојно оданочување .




ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДДВ
известување од 20.03.2014

   Во службен весник бр 12 /14 се објавени измените и дополнувањата на законот за ДДВ. Оваа измена се однесува на прометот на:
- добра и услуги во градежништвото
-во прометот со употребувани материјали-отпади
-во прометот на недвижности во постапка за присилна наплата а истото кога се спроведува по пат на јавно наддавање.

   Започнувањето на примената на законот е од 01,02,2014 г.

   Во градежништвото оваа промена се однесува на прометот на добра и услуги поврзани со : ГРАДЕЊЕ , ОДРЖУВАЊЕ , РЕКОНСТРУКЦИЈА, ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРАДБИ . Деталите во однос тоа што се` може да се стави во оваа група и на какви градби е специфицирано во Сл.весник бр 45/14 г .
   Суштината на оваа измена е во следното : Фактурирањето кон инвеститорот од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ се врши без пресметка на ДДВ. Исто така и фактурирањето на ПОДИЗВЕДУВАЧИ кон изведувачот се врши без пресметка на ДДВ . При фактурирањето на овој начин , обврзани сте во фактурата да напишете : Согласност со Член 32 А од законот за ДДВ.
   Купените материјали наменети за градбата , се купуваат со ДДВ , при што се задржува правото на одбиток на влезното ДДВ.
   Многу ВАЖНО е да се напомене , дека сите овие измени можат да се применуваат само доколку ИНВЕСТИТОРОТ е ДДВ ОБВРЗНИК , или пак градбата што се гради по негова нарачка е за ИСПОЛНУВАЊЕ на целите на неговото работење . Доколку објектот не е за намена и исполнување на неговите основни цели на работење , во тој случај фактурирањето се врши како и до сега , со пресметано ДДВ .

Не би се впуштале во некој голем број на примери но би споменале неколку :
-даночниот обврзник се бави со трговија на големо и мало и гради објект за рекреација
-фирма гради објект за нова дејност и тоа од областа на здравствени услуги за кои не се пресметува ДДВ но и не се одбива влезното ДДВ за таа дејност . Сличен е и примерот кога како инвеститори ќе се појават некои органи на управа : општини и слично .

   Според наше мислење ова ќе бидат редоки случаи, но деталите треба да бидат дефинирани во самиот старт при потпишувањето на договорот за градба .

   Слично е и кај правните субјекти кои вршат промет со: употребувани материјали кои не можата да се користат во иста форма-состојба , отпад – индустриски и неиндустриски . И кај оваа дејност се фактурира без ДДВ и се продава без ДДВ се` до крајот , односно до субјектот кој врши преработка - рециклирање на материјалите кои се предмет на овој промет .

   За последната измена , промет на недвижнини во извршна постапка или присилна наплата во моментот не би дискутирале повеќе освен дека и во овој промет не се пресметува ДДВ како до сега .




ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА
известување од 17.03.2014

Од 01,05,2014г стапува на сила Законот за финансиска дисциплина. Од оваа дата стапува на сила делот од законот кој се однесува на физичките и правните лица од ПРИВАТНИОТ СЕКТОР . Со овој закон се одредуваат роковите во кои мора да биде извршена обврската . Најдолгиот договорен рок помеѓу субјектите може да биде 60 дена.

Рокот за плаќање може да биде и пократок и тоа изричито треба да биде наведено во фактурата .

Рокот за плаќање започнува :
- Со денот на прием на фактурата од страна на должникот
- Со денот на исполнување на обврската од страна на доверителот ( стоката е испорачана или услугата е извршена )
- Доколку при испораката на стоката, има услов за : ПРЕГЛЕД НА СТОКАТА , ТЕХНИЧКА ПОТВРДА ЗА ИЗВРШЕНАТА УСЛУГА , рокот за овој преглед не може да биде подолг од 30 дена .

Доколку , НАРАЧАТЕЛ на стоката или услугата е субјект од ЈАВНИОТ СЕКТОР условите се други .

Од 01,05,2014 г рокот за плаќање може да е подолг од 60 дена но не подолг од 120 дена . Овој рок од 01,01,2015 г ќе се скрати 90 дена а од 01,01,2016 г правните субјекти од сите сектори ќе се изедначат и рокот за плаќање не може да биде подолг од 60 дена .

Доколку во фактурата или во договорот за деловна трансакција , НЕ е спомнат рок за плаќање АВТОМАТСКИ се применува рок од 30 дена.

Сите рокови кои ќе бидат наведени во фактурите и договорите, а отстапуваат од законски предвидените рокови ќе се сметаат за нефер и ништавни , при што ќе се применуваат роковите предвидени со законот како за случаи кога не е наведен рок за плаќање а тоа е 30 дена.

Надзорот за применувањето на законот за финансиска дисциплина ќе го врши Министерствот за финансии преку нејзината финансиска инспекција .

Доколку доверителот , по изминатиот рок за плаќање , поднесе барање за присилна наплата кај нотар , извршител , или поднесе тужба до надлежниот суд , тие се должни да го пријават прекршокот на надлежната финансиска инспекција . Во рок од 15 дена инспекцијата е должна да го разгледа спорниот предмет и да одреди соодветни казни. Управата за јавни приходи има овластување да ѓи утврдува прекршоците и во тек на редовните контроли, при што истотака се поведува прекршочна постапка .

Глобите – казните се движат од 750 евра па до 10.000 евра како за правното лице така и за одговорното лице .




Изјава за МОБИНГ
известување од 04.02.2014

Формулар - Изјава за МОБИНГ




Листа на посредници при МОБИНГ
известување од 04.02.2014

Формулар - Листа на посредници при МОБИНГ




МНОГУ ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
известување од 26.12.2013

Ве известуваме дека: Документите за 2013 г треба да се потрудите да бидат доставени кај нас најдоцна до 15.01.2014 г. Во периодот од 15.01.2014 до 25.01.2014 г ќе ги изготвуваме ПДД-ГИ (годишна даночна пријава). Оваа година има промена па последната дата за поднесување на оваа даночна пријава е 31.01.2014 г.
Бидејки во овој период ги изготвуваме и последните ДДВ пријави за 2013 г (за месечни, тромесечни и годишни обврзници), се надеваме дека сите ќе имате разбирање за временскиот теснец, во кој ќе работиме на два исклучително важни извештаи. Со изготвувањето на овие извештаи директно се влијае и на подоцнежното изготвување на ЗАВРШНАТА СМЕТКА за 2013 г.
Сите месечни обврзници за ДДВ треба да продолжат со редовно носење на документи за Јануари 2014 г бидејки од 08.01.2014 г започнуваме со книжење на документите за 2014 г. Истата обврска се однесува и за сите наши коминтенти кои имаат малопродажба , за кои треба да биде изготвувана Трговската книга.
Се надеваме дека сериозно ќе го прифатите и разгледате ова наше известување.

Непридржуванјето на овие наши рокови е на ваша одговорност .

Воедно покрај ова наше строго известување , Ви посакуваме весели Новогодишни празници , Ви посакуваме во новата година многу здравје , многу среќа а секако и по некој денар повеќе за да биде :

ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ





ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОПИС 2013
известување од 20.12.2013

Ве известуваме за Вашата законска обврска пописот која настанува со доаѓање на крајот на годината, односно со 31.12.2013.

Пописот е коректив со кој се овозможува усогласување на сметководствената со фактичката состојба кај трговецот.
Пописот се врши на:

1. Средства во сопственост на трговецот и тоа:
  • градежни објекти, станови и опрема во сопственост (сите кои поседуваат недвижнини да имаат имотен лист за истата)
  • залихи
  • побарувања
  • парични средства
  • дадени аванси
2. Средства кои не се во сопственост на трговецот и тоа:
  • средства кои се под оперативен наем – лизинг
  • туѓи стоки во обработка и доработка, туѓа стока на чување и др.
3. Обврски:
  • краткорочни и долгорочни обврски.

Би сакале да ве известиме дека е пожелно разликите помегу пописот и сметководствената евиденција да се прикажат, и кај нас соодветно прокнижат. Искуството покажува дека таму каде што не се прикажуваат разликите, значи секоја година е се исто по пописот и во сметководствената евиденција, посебно кај малопродажбите, се остава простор за сомнеж.
Затоа наша препорака би била секај кусок или вишок кој ќе се појави како разлика помеѓу фактичката и сметководствената состојба да се прикаже.

Секој попис треба да биде организиран и тоа да се донесе:
  • ПРАВИЛНИК ЗА ПОПИС
  • ОДЛУКА ЗА ПОПИС
  • КОМИСИЈА ЗА ПОПИС
  • ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШЕН ПОПИС
  • ОДЛУКА ЗА РЕЗУЛТАТИ ОД ПОПИСОТ.





ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТРОШОЦИ
известување од 20.12.2013

Ве известуваме за третманот на трошоците кои се во пари изразени трошења што се составен дел на цената на чинење .

Трошоците од работење ги сочинуваат
  • Материјалните трошоци (трошоци за суровини, материјали, енергија, резервни делови и ситен инвентар, услуги и сл.)

    ВАЖНО!!!! Трошоците за материјали односно расходите кои не се поврзани со вршење на дејноста на субјектот, односно не се непосреден услов за извршување на таа дејност или не се последица од вршењето на таа дејност претставуваат ОДАНОЧИВИ РАСХОДИ.
  • Амортизацијата
  • Нематеријалните трошоци
  • Вкалкулирани бруто плати
  • Набавна вредност на продадени стоки и материјали


Би сакале да објасниме подетално околу ДОГОВОР ЗА ДЕЛО како трошок за повремено и привремено работно ангажирање.

Договорот за дело е регулиран со Законот за облигациони односи, според кој закон со договор за дело вршителот на работата ( претпремач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или извршување на некој филичка или интелектурална работа и сл. А нарачувачот се обврзува за тоа да ми плати надомест. Содржината на договорот се уредува со закон, односно
  • Вршење на делото според договорот
  • Предавање на предметот
  • Одговорност за недостатоци за извршената работа
  • Примање на извршената работа и
  • Плаќање на надомест.
Меѓутоа Законот не го уредува и ВРЕМЕТРАЕЊЕТО на договорт за дело. Поради тоа времетраењето на договорот за дело го одредуваат договорните странки. При тоа времето ќе зависи од видот и сложеноста на работата која се извршува, односно колку време нормално би требало да се заврши определена работа. Во многу случаи договорот за дело намерно или ненамерно се користи наместо договор за работа, со што се избегнуваат придонесите за плата. Таков е случајот кога се склучува соговор за дело со физичко лице на една година и тој се продолжува секоја година. При склучување на договор за дело би требало да се одреди едно нормално и разумно време за извршување на работата, со што би се избегнале секакви сомневања од страна на надлежните инспекциски органи.




Известување - Потсетување
известување од 15.10.2013

Со ова известување - потсетување сакаме да Ве подсетиме на една обврска на сите фирми која треба да биде испочитувана до крајот на фискалната година 31.12.2013 г . Во прашање се подигнатите средства преку жиро сметка , на име патни и материјални или пак преку бизнис картица . Сите плаќања кои ги вршите со бизнис картица имаат третман на готовински средства.

Подигнатите средства , на било кој од овие два начина , кои го надминуваат вашиот касов максимум а не се вратени на жиро сметка , или оправдани со соодветни сметки за направените трошоци ќе бидат оданочени со 10 % персонален данок и во завршната сметка додатно ќе бидат оданочени со 10% данок на добивка ( непризнати трошоци ). Оваа обврската за персонален данок ќе биде ставена во Годишната даночна пријава – ГДП . Обврската за плаќање данок ќе биде на име на основачите соодветно на процентот на нивното учество во основачкиот влог.

Истиот овој износ секој од нив ќе треба да го стави во својата лична Годишна даночна пријава , која се поднесува заклучно со 15 март секоја година.



Следна страна »

Посетеност на страната:


Постари известувања

    Важни датуми

  • 1. ДДВ
      - месечни - следниот месец до ...........................................25
      - тромесечни - по истекот на тромесечие до ..................25
      - годишни - по истекот на годината до ..............................25
  • 2. ПЛАТА
      - За претходниот месец изготвување и поднесување до УЈП до........................................... 10 во месецот
      - Уплата на придонеси и нето плата за претходниот месец до ........................................... 15 во месецот
  • 3. Аконтативен данок на добивка МДБ.................................15 во месецот
  • 4. Завршна пресметка
      - Поднесување на завршна пресметка .............................28 февруари
      - Уплата на обврската за данок од добивка по завршна пресметка ...................................31 март
  • 5.Годишна даночна пријава за фирми ПДД-ГИ...................31 јануари
  • 6. Годишна даночна пријава за физички лица ПДД-ГДП ...15 март

НАПОМЕНА:Ова се крајни датуми, секое пречекорување на одредените датуми, повлекува казни.

« Претходна | Следна страна »

Документи

Законски прописи Обрасци Упатства за работа
ДДВ Компензација Малопродажба
-Општи одредби за законот за ДДВ -Двојна Големопродажба
-Даночно ослободување за ДДВ -Тројна Дневници и патни трошоци
Данок од добивка -Повеќекратна Доставување на документи
Персонален данок Цесија Чување на документи-архивирање
-Обрасци за персонален данок Асигнација  
Видови на приходи Шифрарник за плаќање  
*Лични примања Договор за кирија  
*Приходи -Договор за кирија на недвижен имот  
*Авторски права и ослободување -Договор за кирија на возило  
*Приходи од капитал Договор за позајмица  
*Капитална добивка Договор за дело  
*Приходи од игра на среќа Договор за работа  
Личен доход Одлука за касов максимум  
Годишен одмор Одлука за отпис  
Доброволно капитално пензиско осиг. Попис  
Правилник за попис
Пописни комисии  
Опомена пред тужба  

« Претходна | Следна страна »

За нас

image

Драги наши пријатели,соработници,долгогодишни коминтенти

Претпријатието ЕФЕС ДООЕЛ на 09.01.2011 г. ќе го прослави својот 20 годишен јубилеј . Овој наш јубилеј е убав повод , да ја промовираме нашата ВЕБ страница . Изготвувањето на овој портал- прозорец за комуникација е уште еден обид да бидеме во тек со новото време , време на современи информатички технологии . Се надеваме дека на овој начин ќе Ви станеме подостапни и ќе Ви овозможиме полесено информирање , во било кое време и од било каде. Секако за овој јубилеј сте заслужни и сите Вие и без Вас и Вашата доверба , овој јубилеј немаше да биде возможен и во оваа пригода сакаме да Ви искажеме благодарност а посебно до оние кои се со нас од самиот почеток. Периодот на започнувањето на нашата фирма се поклопи со времето кога се појави една нова дејност , а тоа е водењето на книговодство за повеке претпријатија со различни дејности . Време кое бараше многу нови искуства , време на транзиција , ембарга , време во кое сите учевме едни од други.

ЕФЕС денес располага со персонал од 7 вработени , од кои 5 се со високо и вишо образование и 2 со средно економско образование. Посебно ми е задоволство што дел од вработените голем дел од својот стаж , а некои од нив и целиот стаж , го имаат остварено во нашата фирма. На крај би сакале да се заблагодариме на сите кои дел од својот работен стаж го поминаа во нашата фирма и на свој начин допринесоа за нашиот напредок а се надевам дека времето поминато кај нас им помогнало во понатамошната кариера. Во нашите сеќавања посебно место за благодарност и сеќавање, засекогаш ќе има за нашата Ирена .
БЛАГОДАРИМЕ

« Претходна | Следна страна »

Контакт

  

Контакт информации

ул. "Народен фронт" бр. 17, влез 5 стан 2
Скопје,
Република Македонија

Телефон:телефон: + 389 (0)2 3110 247
Телефон:телефон: + 389 (0)2 3109 893
моб: + 389 (0)75 206 979
Е-маил: efes.t@efes.com.mk
Веб страна:www.efes.com.mk


« Претходна | Следна страна »

Архива на известувања




















Прибирање и обработка на барања за електронски здравствени картички (ЕЗК)
известување од 07.12.2012

Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија од 01-ви ноември 2012 год. започна со прибирање и обработка на барања за електронски здравствени картички (ЕЗК) за осигуреници кои се вработени во приватни фирми.

Потребни документи кои што треба да се достават за ЕЗК се следните:

      1. Писмено овластување од фирмата за лицето кое што ги поднесува барањата во Фондот.

      2. Пополнети и потпишани поединечни барања (образец БК) за секој од вработените заедно со податоци за членовите на семејството кои што здравствено се пријавени преку нив (сопруг, сопруга, деца). На истиот образец треба да има и печат од фирмата во која што работи осигуреникот.

      3. Секој вработен во фирмата треба да уплати (на вирман ПП50) 250 денари за себе и исто така по 250 денари одделно за секој од членовите на семејството што здравствено се пријавени преку него. Уплатата треба да се изврши лично, што значи дека не може фирмата да плати за сите вработени. Исто така, на една уплатница може вработениот да плати за него и за членовите на семејството, но во цел на дознака да наведе за кои лица се однесува уплатата, односно да ги наведе истите со име и презиме.

        Уплатницата се приложува заедно со другите обрасци во оригинална форма.

      4. Копија од важечка лична карта за носителот на осигурувањето (вработениот).

      5. Копија од лична карта за полнолетни членови на семејството (деца осигурани преку родителот), само ако истите се помеѓу 18 и 26 години, студираат или учат средно училиште и за истите претходно е поднесена потврда од школо за упис на учебна 2012/2013 година.

      6. Копија од извод од матична книга на родени за малолетни членови на семејство.

      7. Копија од лична карта и венчаница за сопружници осигурани преку вработениот.

Значи пред да се поднесат сите овие документи треба претходно се да биде изрегулирано во врска со членовите на семејството на шалтерите за пријави-одјави во Здравство.

Средствата за ЕЗК треба да се уплатат на следната сметка:
Примач: Трезорска сметка
Министерство за здравство,
Банка на примач: НБРМ,
Сметка: 100000000063095,
Сметка на буџетски корисник единка корисник: 190010043478719,
Приходна шифра: 723819,
Програма: 10

Во прилог Ви доставуваме пример од пополнето барање (образец БК), пополнета уплатница и овластување.





« Претходна | Следна страна »

Партнери


ГРАДЕЖНИШТВО И УСЛУГИ ВО ГРАДЖНИШТВО КАНЦЕЛАРИСКА ОПРЕМА И РЕКЛАМНИ МАТЕРИЈАЛИ
1.ЛУНАКОРПОРАЦИЈА   1.ОКТАГОН ПРИМА
  2.ЛИНЕА   2.СИТОГРАФИКА
  3.КОНСТРУКТОР   3.ДЕЛТАБИРО
  4.ТМ-ИНВЕСТ   4.МОБИЛИС
  5.ММ-МАРКОВСКИ    
  6.МАСТАР ИНФОРМАТИКА
  7.РОЛО ДИЗАЈН   1.ИНФОСОФТИНГ
  8.ДОМЕСТИК   2.КИПС-КОМ
  9.ОБА   3.ЕЛЕКТРОСОФТ
  10.БОЈТА-ИНГ   4.АСП
  11.АРТЕ   5.МОБИЛИС
  12.ЖАГРА    
    ТЕЛЕФОНИЈА
МЕБЕЛ И ПРЕРАБОТКА НА ДРВО   1.АНТАРИАС
  1.ДОМА МЕБЕЛ   2.АЛТЕРНА НОВА
  2.МАРЛЕС   3.М2К ИЦТ&КОНС
  3.ОКСИА    
  4.ДИСАРТ ПРЕВЕДУВЧКИ УСЛУГИ
      1.ЛИНГВА ЕКСПЕРТ
СПОРТСКА ОПРЕМА   2.ИН-АУТ
  1.ПЛАНЕТА СПОРТ   3.КОЛОКВИЈАЛ
  2.ИНТЕКО   4.МАГНО ФУТУРО
       
ИНДУСТРИСКА ОПРЕМА И АВТОМОБИЛСКА ОПРЕМА
АДВОКАТСКИ КАНЦЕЛАРИИ
  1.ЕУРОГУМА-ТРЕЈД   1.АЛЕКСАНДРОВСКИ
  2.ПРОТИМ   2.ЈАНЕВ
  3.ИНТЕКО   3.ШУКАЛОВСКА
  4.СПИК ИНСА    
  5.СПИК ПЛУС ТРАНСПОРТНИ УСЛУГИ
  6.АВТОТЕХНА   1.ЛИДЕРА КАРГО ЕКСПРЕС
  7.ПИМАКО   2.КАРГОТРАНСТРАНСПОРТ
       
ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ТРГОВИЈА НА ГОЛЕМО И МАЛО
  1.МАНИЛАВ СОЛУШАН   1.ПАКЕТ - АЛКОХОЛ
      2.ПИШЕВМАК-КОРПОРАЦИЈА-ХРАНА
ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ   3.КРАНГО-2 ТОБАКО
  1.ПЗУ-ВИЗИА   4.ТОБАКО-ЕКСКЛУЗИВ
  2.ПЗУ-ВИТА КАТЕРИНА   5.ЕЛИКСИР-ДД
      6.КАПАЕЛ ТОБАКО
ВЕТЕРИНАРНИ УСЛУГИ   7.СИЛВЕР АРТ ПОИНТ - ЗЛАТАРА
  1.ВЕТКОЛЛ    
       
ПРЕРАБОТКА-ОТКУП НА ШУМСКИ ПЛОДОВИ    
  1.ЕЛМИГО    


« Претходна